Webp.net gifmaker

Славко Јовановски повторно е на чело на СВР Битола

Јули 27, 2020

 

Славко Јовановски е повторно поставен за началник на Секторот за внатрешни работи Битола  во Биро за јавна безбедност. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од денеска (27.07 понеделник), согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада. 

Претходно на чело на СВР Битола беше Андреј Василевски  како предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани