2win800x200

Костадиновска- Жените да не молчат, да кажат НЕ на насилството и веднаш да пријават

Ноември 25, 2020

 Во Битола, во изминатите две години, се забележува тренд на намалување на евидентираните случаи на семејно насилство. Тоа е податок кој секако охрабрува и потврдува дека СДСМ и на централно и на локално ниво прави вистински, системски промени во социјалната заштита, вели пратеничката Бисера Костадиновска.

 

Денес е Меѓународниот ден против насилството врз жените и девојчињата и почетокот на кампањата 16 дена активизам против родово-базираното насилство. Денес во собраниска процедура, со европско знаменце, влегува токму Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство - I читање. Новото законско решение е темелот, основата во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството. Со него се предвидува институциите да постапуваат со должно внимание и да ги заштитат жртвите, како и да придонесат за нивна реинтеграција во системот.

-Во Битола, во изминатите две години, се забележува тренд на намалување на евидентираните случаи на семејно насилство. Тоа е податок кој секако охрабрува и потврдува дека СДСМ и на централно и на локално ниво прави вистински, системски промени во социјалната заштита. Во Битола постојат два т.н. шелтер центри во кои, за среќа, во моментов, нема сместено жртви на семејно насилство. Општина Битола неколку години наназад реализира активности во делот на превенција од семејно насилство во соработка со здруженија на граѓани кои работат со учениците од основните и средни училишта, како и децата од предшколска возраст, со цел да ги поттикнат младите за навремена превенција од семејно насилство и да научат кои се нивните права во семејството по однос на семејното насилство и  како да ги остварат истите изјави Костадиновска и порача-      

За жал, годинава, кога поради кризата со пандемијата од КОВИД-19 сите повеќе седиме дома, регистрирано е зголемување на насилството врз жените. Затоа, многу е важно жените да не молчат, да кажат НЕ на насилството и веднаш да пријават. Истовремено, сите ние како луѓе сме должни, насилството да го пријавиме и да им помогнеме на жртвите. И не само денеска, на Меѓународниот Ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и родово базирано насилство или во следните 16 дена активизам.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани