2win800x200

Кирацовски апелира и кандидатите за градоначалници СДСМ да ги бира непосредно на внатрепартиски избори

Март 23, 2021

 

Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ, честитајќи му ја победата на реизбраниот лидер на СДСМ Зоран Заев, јавно апелира и кандидатите за градоначалници СДСМ да ги бира непосредно на внатрепартиски избори. Кирацовски на половина година пред претстојните локални избори, смета дека мнозинството сочинето од членовите на СДСМ е доследен репрезент на граѓанското мнозинство, што претставува вистинскиот избор.
Неговиот Фб статус ви го пренесуваме во целост. 
 
Сакам јавно да му честитам на старо-новиот Претседател на СДСМ, Зоран Заев, и да го поздравам непосредниот и демократски начин на неговиот избор.
Апелирам и ќе настојувам, секој позначаен избор на општествени и внатрепартиски функционери, особено изборите за кандидати за градоначалници да се избираат на истиот - непосреден начин, затоа што секоја импровизација, скапо не чини, а секој вистински избор е општествен благодет.
 
Мнозинството сочинето од членовите на СДСМ е доследен репрезент на граѓанското мнозинство, што претставува вистинскиот избор.
СДСМ е прв во промените. Да се потрудиме истите да бидат делотворни и плодотворни.
 
p.s.
Сакам да истакнам дека оваа идеја прв, своевремено, ја промовираше, д-р Гоце Чакаровски, како член на ЦО на СДСМ, а јас како генерален секретар, истата, ја разработував, етаблирав и лично ја најавив при посетите во, буквално, секоја Општинска Организација.
За жал тој пат беше пресечен, но за среќа партијата опстои на оваа значајна идеја. Но тоа е веќе минато, а императивни се сегашноста и иднината.
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани