Владата го намали ДДВ за струјата од 18 на 5 проценти

Јуни 22, 2021

На вечерашната 81 седница, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.



Според овие предлог измени, данокот на додадена вредност за прометот и увозот  на електричната енергија за домаќинствата да се намали од 18 на пет отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 проценти. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка да изнесува повторно 18%.

Целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани