Webp.net gifmaker

Не сум на снимката на битолскиот Баир, беден обид за дискредитација, ВМРО-ДПМНЕ да се извини или ќе поднесам кривична пријава, вели Жаклина Наумовска од СДСМ

Октомври 13, 2021

Беден обид за дискредитација и поткопување на изборниот процес, не сум жената од фамозната снимка која не потсети на едно мачно и темно минато во времето на режимот кога неовластено се снимаше и прислушкуваше. Вака денеска одговори Жаклина Наумовска од СДСМ, демантирајќи дека е на видеото кое вчера го објави ВМРО-ДПМНЕ снимено во населбата  Баир, со обвинување дека Наумовска и Корлевски вршеле поткуп на гласачи со брендирано возило. Таа со име и презиме беше посочена од Влатко Ѓорчев, од партиската говорница во централата на партијата во Скопје, но и од говорницата во општиснкиот комитет на ВМРО-ДПМЕН во Битола, од страна на кандидатот за советник од оваа партија, Марко Јосифовски.

-Категорично ги демантирам тврдењата на функционери на ВМРО – ДПМНЕ за моја вмешаност во снимката од битолски Баир што вчера ја објави опозицијата партија. Станува збор за уште еден беден и јалов обид за моја лична и дискредитација на мојата политичка партија СДСМ, но и обид за поткопување на целиот изборен процес во Битола и земјава. Барам јавно извинување од пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Влатко Ѓорчев, како и од кандидатот за член на Советот на Општина Битола, Марко Јосифовски за јавно изнесената лага. Јас, Жаклина Наумовска, не сум жената на фамозната снимка. Затоа, согласно Кривичниот законик на Република Северна Македонија барам јавно извинување од споменатите за изречената лага и клевета во јавноста. Во спротивно, ќе ги преземам сите законски мерки за заштита мојот углед и достоинство, рече Жаклина Наумовска од СДСМ.

Наумовска рече дека овој пример со снимката на битолскито Баир е потестување на едно мрачно време.

-Снимката, почитувани граѓани, не потсети сите колку мачно и темно беше во времето на режимот кога неовластено се снимаше, се прислушкуваше, се правеа конструкции и подметнувања, се загрозуваа животи и кариери на противниците. Граѓаните нема да дозволат враќање во минатото и уште еднаш силно ќе гo поразат ВМРО – ДПМНЕ и режимските методи нивната политичка битка., рече Наумовска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани