Шенол Мемиш по четврт пат претседател на здружението „Мустафа Кемал Ататурк“

Мај 13, 2018

На Изборното собрание на Македонско-турското здружение ''Мустафа Кемал Ататурк'' од Битола, Шенол Мемиш го доби четвртиот претседателски мандат.

На четвртото редовно Изборно собрание на избрано е раководство кое ќе го води здружението наредните четири години. Досегашниот претседател на здружението, Шенол Мемиш, останува на чело на организацијата, а за негови заменици се избрани Вики Китановска, Оливер Василевски и Булент Аксој. Избрани се и нови членови на Управниот и Надзорниот одбор, активни членови од македонска и турска националност.

''Програмата за работа ќе ја пишуваме заедно со новите членови на органите на управување. Здружението ќе работи на промовирање на македонско-турското пријателство и соработка на сите полиња. Ќе ги поддржиме сите иницијативи, се со цел продлабочување на соработката на Македонија и Турција, на еконосмки, културен и образовен план. Наша главна цел во наредниот период ќе биде промовирање на еконсмките можности на Македонија пред бизнисмените од Турција, можностите за поголема соработка во областа на туризмот, здравството, културата. Тимот со кој ќе соработувам е составен од лица од различни возрасти и квалификации'', вели старо-новиот претседател Мемиш.

Инаку, Македонско-турското здружение ''Мустафа Кемал Ататурк''-Битола е формирано во 2007 година во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани