
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Намалување на загаденоста на воздухот, помали сметки за струја-ЈП„Пазари“ од денеска започна со поставување на фотоволтаични панели над павилјоните во Градскиот зелен пазар во Битола.
-Според нашата замисла, сончевите колектори што ги поставуваме за сопствено производство на електрична енергија се придобивка за сите. Намалување на загаденоста на воздухот за сите нас, а помали сметки за струја за „Пазари“, изјави за Апла. мк Владе Атанасовски директор на ЈП „Пазари“ –Битола.
Учениците од второ одделение од ОУ „СВ.Климент Охридски“-Битола денеска го посетија Градскиот пазар во Битола и заедно со вработени од ЈП Пазари се запознаа со работата и активности на претпријатието , но и со есенските производи кои се продаваат на зелениот пазар.
-Денес не посетија вторачињата од 5 одделенија заедно со директорката Гордана Анастасовска од ОУ “Климент Охридски“ од Битола. Учениците се запознаја со сезонските производи кои се продаваат во пазарот во Битола, вели директорот на ЈП Пазари Владе Атанасовски.
Дуќаните во Градскиот пазар во Битола ќе добијат нов лик со смена на нова дограма.
-Јавното претпријатие „Пазари“ распиша тендер за промена на дограмата на дуќаните во Градскиот пазар. Лошите слики на распаднати врати и прозорци ќе бидат минато.
Деловниот простор ќе добие нов лик.
Вкупната инвестиција ќе биди реализирана со сопствени средства, вели Владе Атанасовски директор на ЈП „Пазари“-Битола.
Вработени од јавните претпријатија „Пазари“ и „Комуналец“ како и граѓани од околните населби од утрово го чистат просторот околу Новиот реонски пазар во Битола.Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски вели дека во многу наврати и самоиницијативно со поголеми акции го исчистиле просторот околу Новиот реонски пазар, но за жал за кусо време отпадоците се насекаде на оваа локација.
-Треба подигање на свеста на граѓаните околу заштитата на животната средина. Токму овој простор многу пати е чистен средуван и дезинфициран , но повторно и повторно се фрла секаков отпад. Денеска со наши вработени и вработени од „Комуналец“ излеговме на терен и што е за респект ни се приклучија и граѓани. Тука сме да ја смениме сликата на подобро, и се надевам дека оваа слика ќе потрае и ѓубрето секој од нас ќе го фрла онаму каде што му е местото, во контејнерите а не по земја, на улица или каде ќе им текне. Мора да ги чистиме дивите депонии и да не дозволиме да се повторат, изјави Атанасовски за апла.мк
Од денеска ЈП „Комуналец“ ја започна големата акција за чистење на дивите депонии во Битола, во која со своја машинерија учествуваат и јавните претпријатија „Водовод и „Нискоградба“, а во акцијата учествуваат и претставници на невладиниот сектор и локалното население.