Во техничкиот двор на ЈП „Комуналец“ пристигнаа двете возила за машинско метење  на јавни прометни површини, на електричен погон.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски извршија теренски увид при пристигнувањата на возилата, како дел од проектот „За почиста Битола!“. Од страна на стручниот тим, беше објаснет процесот, начинот на делување и програмата по која во на редниот период ќе започнат со работа двете возила.
 
„Со дополнувањето на возниот парк со новите две електрични возила за машинско метење на улиците, како и со неодамна набавеното ново возило за машинско водено метење и миење на улиците со зафатнина од 5,5 метри кубни, во голема мерка ќе се даде придонес кон грижата и заштитата на животната средина и степенот на одржување на јавната чистота во градот, како една од најважните заложби, реализирани во програмата на градоначалничката Петровска“, велат од Општината. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани