2win800x200

Започна одбележувањето на 11 Октомври во Битола „Колку повеќе притискаат кон непризнавање на НОБ, ние уште повеќе ќе зборуваме за антифашизмот- порака од Сојузот на борци

Октомври 09, 2022

Колку поревносно го празнуваме 11 Октомври, толку помалку ќе даваме значење на оние провокации што ни се случуваат овие денови во нашата држава, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска запрашана дали со отворањето на бугарските клубови се фрла сенка врз празнувањето.

„Ова е наш празник, празник за нашите борци, празник за мојот дедо кој својот живот го даде за слободата што ја уживаме денес. Денот на народното востание, ден кога им оддаваме почит на храбрите мажи и жени кои се жртвуваа за нашата слобода и државност“, рече министерката .

BISERA

Таа присуствуваше на концертот на Камерниот оркестар на Битола и Младинскиот хор на КУД „Стив Наумов“ во Градскиот парк во Битола каде се наоѓаат бистите на паднатите херои. Со овој настан на кој се придружи и Сојузот на борци од Битола започна чествувањето на 81- годишнината од Денот на народното востание на македонскиот народ.

„Колку што тие пристискаат повеќе кон нерпизнавање на НОБ, ние толку повеќе ќе зборуваме за антифашитсичкиот карактер на таа борба. Срамота е да се ортворат клубови на Вано Михајлов, Борис Трети, а сега слушам и на делителот на Македонија , цар Фединанд, не е дозволиво и мора државата да си најде начин, не да ги затвора, туку да не дозволува отворање на клубови кои носат имиња на некој фашисти или да имаат цели да ги прославуваат имињата и дејствувањето на тие фашисти“, рече Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борци-Битола.

kon 23

Во Битола и околината се изградени 17 споменици, околу 60 бисти, 48 спомен-плочи, 7 спомен-чешми во чест на Народноослободителната војна и загинатите борци.

- Ќе продолжиме и понатаму да градиме споменици. Во тек се активности за поставување на две бисти и реконструкција на партизанските гробишта.  Денес, битолската организација на СБМ е современа и модерна, невладина и непартиска општинска организација, најактивна и најорганизирана во целата република и мора така да биде заради тоа што такво наследство ни оставија нашите претходници. , рече пред присутните Бошков.

 Учениците добија признанија за лична поезија во три категории и тоа за IV-V одделение на ученикот Божидар Петрушевиќ под менторство на наставникот Даниел Митревски ООУ „Стив Наумов“ Битола кој ја напиша поезијата „Вангел Мајорот“. Во категорија VI-VII одделение ученичката Мила Нечовска под менторство Александра Упале ООУ „Св.Кирил и Методиј“-Битола која ја напиша поезијата„Пламенот ваш октомвриски вечно ќе гори“ и во категорија VIII-IX одделение ученичката Нектарија Илиевска од ООУ „Елпида Караманди“-Битола со поезијата „11 Октомври“.

уценици

На 26декември 1947 година во Битола е основана Општинската организација на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година  и годинава ја одбележуваат 75-годишнината од основањето.  За прв претседал бил избран Аце Ристевски, а понатаму претседатели биле Вангел Нечевски-Тунело, Јани Јовановски, Цане Павловски, Благој Иљовски, Мишко Божиновски, Дојчин Апчевски, Пецо Гудовски, Кицо Најдовски, Јорго Ристевски-Манџуро, Александар Милевски, Гавро Пановски, Илија Малевски, Александар Трајковски и Стефан Бошков

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани