Уште еден битолчанец помалку во Владата на СДСМ, и д-р Рендевски го губи заменичкото место во здравство

Февруари 11, 2023

Во Владата на премиерот Димитар Ковачевски единствениот функционер што останува од Битола ќе биде министерката за култура Бисера Стојчевска. Со реконструкцијата на Владата нема место за заменик министерот за здравство д-р Владимир Рендевски, бидејќи на оваа позиција премиерот ја предложил Маја Манолева исто така од СДСМ. Неврохирургот Рендевски на оваа позиција се задржа точно една година.  

И пред некој месец оставка од министерското место за локалана самопуправа сам си поднесе Горан Милевски кадар на ЛДП.

Така функционерите во  извршната и во законодавната власт од Битола с ебројат на прстите од едната рака. СДСМ од Битола  нема ни еден пратеник во Собранието, а ВМРО ДПМНЕ има две пратенички места, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани