2win800x200

Жени лавици

Март 08, 2023
Фотографијата е позајмена од Независен весник, авторски труд на Б. Грданоски) Архивска фотографија Фотографијата е позајмена од Независен весник, авторски труд на Б. Грданоски) Архивска фотографија

-Сите оние кои и покрај големата исцрпувачка и болна битка со ракот се борат за ден живот повеќе и здравје...Па и за оние кои за жал ја изгубија битката со болеста, но сонуваа да продолжат да живеат

-Сите оние кои рекле „не“ на семејсното насилство и покрај озборувачката средина и економската неизвесност одново го започнале животот...

-Сите оние кои морале да минат низ повеќе неуспешни бремености и вештачки оплодувања за да станат мајки...

-Сите оние кои прерано станале самохрани родители, па морале сами да ги подигаат децата на прав пат, да делат од залакот за нив да не им недостасува ништо...

-Сите оние кои ги уриваат табуата дека има машки професии и работат рамо до рамо со мажите докажувајќи дека жените ја имаат потребната сила...

-Сите оние кои се посветени на професијата и во неа создаваат нови врендости...

-Сите оние кои си посветуваат внимание на себе и уживаат во работите што ги сакаат...

-Сте оние ни ја враќаат вербата дека во нашето здравство има светли примери и ни помогнале или сапасиле некои од саканите луѓе во нашите семејства...

-Сите оние кои се трудат да внесат душевен мир, љубов и хрмонија во домот...

-Сите оние кои со љубов ни ги учат децата во училиштата и од нив создаваат луѓе со вредности

-Сите оние кои се борат секојдневно да го надминат сопствениот хендикеп или на некој од семејството докажувајќи дека сите луѓе се подеднакво вредни и заслужуваат подобар квалитет на живот

- Сите оние кои секојдневно се борат со сексизмот, родовата дискриминација, сексуалното вознемирување

И уште многу други храбри жени фатени во костец со предизвиците на животот –Среќен 8 Март

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани