2win800x200

Земјотрес во Битола во 5 до 12 часот

Октомври 14, 2017

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според рихтеровата скала е регистриран денеска во 5 минути до 12 часот со епицентар во соседна Грција, на 22 километри јужно од Битола.

Најсилно го почувствуваа битолчани кои живеат на повисоките катови во зградите. Некои од нив ги напуштија домовите. Оние кои го искористија убавото време и излегоа на прошетка, велат,  воопшто не се вознемирија затоа што не го почувствуваа земјотресот.

Земјотресот во Битола и околината беше почувствуван со интенитет од 4 степени според европската макросеизмичка сакла, додека жителите од Охрид и Ресен со интензитет од 3 степени. Засега нема информации за пријавени штети. Следеа два помали потреси, во 12 часот и 24 минути, од 2,8 степени, а во 14 часот и 37 минути од 3,2 степени, исто така со епицентар во соседна Грција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани