2win800x200

Со стари финти во лов на нови гласачи

Септември 21, 2017

Повеќемина битолчани добиле пораки по телефон во кои пишувало дека ВМРО-ДПМНЕ од нив бара да најдат по пет партиски неопределени лица и да агитираат кај нив против СДСМ, а потоа в партија да пратат име презиме и адреса на соговорниците.

 Во пораките кои ни ги доставија пишува „потребно е да разговарате со пет лица кои не се одредени и да забележите дали ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ или нема да гласаат. Разговарајте со такви неодредени и објаснете ја ситуацијата што откако СДС дојде на власт во каков пропаст одиме. Ве молам од лицата кои сте ги контактирале да ми пратите име, презиме и адреса“.

Битолчаните објаснуваат дека се поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ и дека од истиот телефонски број им стигнала и друга порака со која се повикуваат да присуствуваат на промоцијата на кандидати за градоначалници во Скопје.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола велат дека не праќале пораки.

-Вакви гласини шират луѓе кои сакаат да ни наштетат и очекувавме вакви удари. Ова е специјална војна против нас, секој моеже да праќа вакви пораки кои не се вистинити. Не се праќаат пораки и не се прави база на податоци. Клучна за нас е мобилизација на нашето членство и активности на терен во чии рамки ќе се остврат средби и си членови, симпатизери, но и со партиски независни граѓани- ни рекоа од раководството на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Се јавивме на телефонскиот број од кој беа праќани пораките, а од другата страна ни се јави жена која не се претстави. Ни рече дека немала праќано пораки, но дека преку денот имала гости, па можеби без да знае некој го искористил нејзиниот телефон. Но, паметните телефонски апарати на месинџер даваат инфорамции со кое лице сте разговарале доколку има фејзбук профил. Така, по разговорот ни го откри името на соговорничаката, која во Битола е раководител на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

И за минатите изборни циклуси по социјалните мрежи и медиумите имаше информации дека од граѓани се барало да најдат по три до пет независни гласачи кои ќе гласаат за партијата и нивните имиња да ги достават во партија. Но, од ВМРО-ДПМНЕ и тогаш ги демантираа ваквите информации.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани