2win800x200

Фасцинантно видео од кое запира здив-стадо диви пелистерски коњи во галоп

Јуни 05, 2020
видео: Даниело Божиновски

Стадото пелистерски диви коњи се вистинска атракција на Пелистер, посебно за љубителите на природата и убавата фотографија. Нивниот величествен галоп низ планинските падини  е несекојдневна глетка во која имаат можност да уживаат малкумина.

Го споделуваме со вас видеото што на Баба Планина вчера го направи битолчанецот  Даниело Божиновски 

-Можеби оваа  снимка е една од најубавите што сум ги снимил сиве овие години, денови, саати поминати на планина. Уживајте во краткото видео. Јас им се восхитував додека ги гледав. Бисер Балкански, напиша Божиновски на ФБ. 

Тој за апла.мк вели дека дивите пелистерски коњи се снимени на патека која ретко е посетувана

-Коњите се снимени на граничната линија  со Грција, меѓу врвовите Балтан и Цуце, под кои се наоѓаат селата Брајчино и Љубојно. На оваа патека многу ретко одат планинари, а рекретивци речиси никогаш, затоа што патеката не е маркирана, шумата е опасна и има многу диви животни, изјави за апла.мк Даниело Божиновски, автор на ова фасцинантно видео

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани