2win800x200

Битолчанецот Михајло Свидерски победник на литературниот конкурс на Фондот на Холокаустот

Јануари 21, 2021

Битолчанец е победникот на литературниот конкурс за расказ „Раскажувам фотографија“ објавен од Фондот на Холокаустот. Михајло Свидерски, млад македонски писател и поет, учесник на многу литературни фестивали, наградуван автор, овој пат, ја понесе првата награда за расказот „Ѕвезда“ посветен на последниот битолски рабин Аврам Романо. Според жирито, Свидерски е награден поради драматиката на текстот набиен со внатрешен интензитет и остварен со врвна книжевна едноставност.

Главниот лик во расказот „Ѕвезда“, кој е млад битолски Евреин е измислен. Но, неговиот животен пат и страдањата соодветствуваат на многу други живитни судбини на битолски Евреи. Само, што авторот, одлучил да му вдахне живот на ликот и да го преживее Холокаусот. Како младо момче на 16 години ја губи мајка му, а потоа и цело семејство во депортацијата. Но, тој успева да се спаси зашто ноќите ги минува со неговата сакана Марија Секулова на покривот од нејзината семејна куќа. Токму утрото на денот на депортацијата, го напушта љубовното гнездо, но откако гледа дека се е блокирано низ град, заедно со Марија ја кријат жолтата ѕвезда на неговото палто и се враќаат назад на покривот. Таму се крие во следниот период. Така и преживува, но од болест на раце му умира саканата. По ослободувањето на пазар ја наоѓа книигата што на млади години му ја подарил другар му Рафаел „Остатоци од рајот“, која всушност ги содржи остатоците од неговиот живот.140401206 3714025332009461 1669117084626242853 n

„Остатоци од рајот, ја гледам, не можам да ја допрам, парченца во рајот, тука се брат ми Калми, татко ми, Рафаел, чичко ми Исак, мајка ми, целото соседство, целиот град, сите градови и земји, ми се врти во главата... Јас ја стискам книгата в раце, плачам и трчам дома. Сеќавањата, запишани се во оваа книга. Трчам кон дома. Во мојот празен дом, во кој веќе се вселија непознати дојденци. Во мојот бездом“, запошал авторот на крајот.

-Расказот пред сѐ̀ е фикција, но големо влијание имаат истражувањата што ги правев за сефардската култура во Битола, за богатото сефардско наследство на Евреите од Битола и сакав таа историја да ја префрлам во проза, да ја трансформирам за да може послободно да допре до читателот во една романизирана верзија, се надевам понатаму, расказите да прераснат во роман. Засега има три раскази меѓусебно поврзани и тематски и линеарно, па мислам дека можат да прераснат во една добра приказна, еден добар роман како целина-, вели Свидерски.

За да ги напише расказите, истражувал за животите на битолските Евреи, а меѓу нив и за рабинот Аврам Романо, кој заедно со другите битолски Евреи заминал за Треблинка и не се вратил.

-Наградите се огромен поттик за понатаму иако не се најголемата награда за писателот бидејќи книжевноста ја вреднува историјата напред, кога ние ќе завршиме можат да не вреднуваат, обично и така бидува. Но, голем поттик се, голем мотив за да продолжи понатаму-, вели Свидерски.

Досега има напишано два романа, три збирки поезија, наградуван автор е во земјава и странство, учесник на бројни литературни фестивали.

И второто место на литературниот конкурс објавен од Фондот на Холокаустот му припадна на битолчанка, Светлана Папачек за расказот „Идат денови“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани