Webp.net gifmaker

Видел мечка па завршил на психијатрија

Јуни 22, 2021

Жител на битолското село Острец завршил на психијатрија откако во неделата имал блиска средба со мечка. Додека ја напсувал стоката во атарот на селото, пред него излегла мечка со две мали мечиња, по што човекот почнал да бега и се здобил со повреди при трчањето. Настанот за апла.мк  го потврдија од битолската полиција, од каде велат дека случајот кај нив бил пријавен од Итната медицинска помош, а од Клиничка болница велат дека во неделата вечерта на психијатрија бил донесен пациент кој видел мечка и се преплашил.

Од ловните здруженија  велат дека Пелистерската мечка е толку намножена, што речиси и да нема село во Потпелистерито каде не слегува во потрага по храна. Често прави зијан на стоката, на пчеларници, овоштарници, па голем број жители ја тужат државата и бараат оштетат. Само во 2021 година Основниот суд во Битола донел над 80 пресуди за штети направени од мечки, а во образложението на пресудите се наведува дека согласно Законот за ловство, ловот на мечки е трајно забранет, а мечките се заштитени со закон, па штетата што ќе ја причини дивечот ја надоместува Република Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани