Се поставува мостот на Курделес кај Довлеџик

Декември 10, 2021

Се поставува челичната конструкција од мостот на реката Курделес кај Довлеџик. Ова го објави поранешната градоначалничка на Битола Наташа Петровска на нејзиниот фб профил за проектот кој беше започнат за време на нејзиниот мандат. Започната е целосна реконструкцијата на улицата Довлеџик во Битола, од водоводна, фекална и атмосферска канализациона мрежа, реконструкција на коловозот и ново улично осветлување, во вредност од над 22.419.000 денари. 

 Во рамки на зафатите е и реконструкција со доградба на пропустот на река Курделес, на улицата „Довлеџик“. Со реконструктивните зафати се санира и проширува постоечкиот пропуст, а за овој проект Општина Битола издвои 10.378.100 денари. Во мандатот на Петровска беше потпишан договор за нов мост на реката Драгор на влезот кај Довлеџик, во должина од 30 метри и ширина од 21 метар за кој Општина Битола изработи проектна документација. Мостот ќе има 4 коловозни ленти, 2 пешачки патеки  и 2 велосипедски патеки. Инвестицијата е 50.150.000 денари, а општината за проектната документација и ревизијата на проектот обезбеди 1.235.460 денари.265968766 2728942597251372 6799599631723394790 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани