Започнаа активности за комплетно санирање на паркинг просторот пред Стоковната куќа Јавор, со кое сега стопанисува Јавното претпријатие за паркинзи.

„Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола и тоа како има концепт и решение за паркирањето во градот’, возврати Зоран Дојчиновски, директор на Јавното претпријатие по денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала концепт како да го реши паркирањето во Битола.

„Не е точно дека цената на паркинг услугите се зголемува. Имено, за првите два часа цената на паркинг услугата во централното градско подрачје (зона А) изнесува 30 денари, додека за секој следен час до крајот на паркинг сесијата цената изнесува 25 денари за час, што е за 5 денари пониска цена од предходната“, стои во реакцијата на Дојчиновски.

Зоран Дојчиновски е избран за прв човек на новото јавно претпријатие кое ќе стопанисува со градски паркинзи ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола.  Тој досега ја извршуваше функцијата  технички директор во ЈП Комуналец Битола.

Дојчиновски е дипломиран машински инженер со две децениско работно искуство во јавното претпријатие Комуналец.

Во април Советот со гласовите на владеачкото мнозинство на СДСМ и коалицијата ја изгласа одлуката за формирање јавно претпријатие за паркинзи и организрање јавен превоз во Битола. Ова јавно претпријатие ќе го преземе управувањето со зонското паркирање, зошто  на сегашниот концесионер „Стентон градба“ договорот му завршува за само неколку дена.

Во изминатиот период општинска комисија вршеше  увид во работат на „Градски паркинзи“, со цел да се изврши и примопредавање.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани