Во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, ООУ „Коле Канински“ - Битола и Ротари клубот „Широк Сокак“ - Битола на ден 19.04.2023 година се одржа работилница на тема „Одбери ја својата професија“. Учениците од 9 одделение имаа можност да слушнат различни професии од нашите говорници: - Билјана Петровиќ - биотехнолог, - Ѓорѓи Мијалчев - информатичар, - Лидија Павловска - одделенски наставник, - Маргарита Камбовска - доктор, педијатар, - Марта Соклевска - администратор за човечки ресурси, - Маја Стојановска - Сметководител - Светлана Глигоровска - педагог, - Билјана Врчал Ванчевска - стоматолог. Говорниците предложија и некои чекори што можат учениците да ги преземат, со цел да им помогнат да го одредат нивното идно занимање:

- Идентификувајте ги вашите интереси и страсти. Размислете што уживате да правите и кои теми или области ви се интересни, - Размислете за вашите вештини и силни страни. Размислете за работите во кои сте добри и областите каде што се истакнувате, - Истражувајте ги потенцијалните кариери. Погледнете во различни работни места и кариери кои се усогласени со вашите интереси и вештини, - Побарајте совет од училишниот педагог и психолог, професионалци, кариерните центри. Разговарајте со луѓе кои работат во областите за кои сте заинтересирани за да добиете увид во нивната секојдневна работа и потребните квалификации, - Добијте искуство преку волонтерство. Ова ќе ви помогне подобро да ги разберете различните кариери и да видите дали тие се погодни за вас.

Активноста е во рамки на потпишаниот меморанду за соработка меѓу Библиотеката и училиштето. Модератор на настанот беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста

НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола го одбележа Први октомври- Меѓународниот ден на старите лица со донација на над шеесеттина наслови во Приватната установа за социјална заштита на стари лица- Дом Софија.

Книгите ги предаде директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“- Битола м-р Бојан Стефановски при што истакна:„ Ајде да ги поттикнеме нашите деца, нашите блиски, општествено одговорните приватни компании, образовните институции и сите други да почнеме да се грижиме за старите лица, и тоа како што би сакале да се грижат за нас кога ќе ги надраснеме нивните години. Јас знам дека сите заедно можеме повеќе, и како граѓани и како институции!”

На овој настан присуствуваше и писателката Славица Гаџова Свидерски која им прочита неколку нејзини поеми. Библиотекарите во секое време се стремат да остварат прекрасни работилници па заедно со писателката и тие им прочитаа прекрасен расказ за тоа колку може да се научи од возрасните. Низ пријатен разговор се запознавме со корисниците на установата, кои се прекрасни личности од кои може многу да се слушни за животот и да се научи. Им посакуваме уште многу заеднички дружења и во иднина да ни останат со добро здравје.

May be an image of 4 people, people sitting and indoor

May be an image of 4 people, people sitting, people standing and indoor
 
May be an image of 8 people, people sitting and indoor
 
May be an image of 5 people and indoor
 
 
May be an image of 11 people and indoor
 
May be an image of 8 people
 

По повод „700 години од смртта на Данте Алигиери', НУУБ Св. Климент Охридски -Битола во холот на Библиотеката беше поставена тематска изложба. Изложбата со своја програма ја збогатија ученици од СОУ„ТакиДаскало“ -Битола, под менторство на проф.Николина Поповска. Агилиери е писател на многу значајни дела напишани на италијански и латински јазик, но пред сè на монументалната поема Божествена Комедија, која претставува едно од најзначајните литературни дела на сите времиња во кое се раскажува за патување во задгробниот живот. Во поемата, поделена на три дела – Пекол, Чистилиште и Рај, се претставени религиозните и филозофски концепти на тој период и се среќаваат бројни познати личности од Италија и современици на авторот, коишто се трансформираат во универзални архетипови, дотаму што тие дури и денес се актуелни.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани