Webp.net gifmaker

Директно

Новата локална власт  ќе направи ревизија на сите обиди за „лов во матно“, во периодот на транзиција на власта, велат од СДСМ, откако денеска новинарите на прес конференција прашаа дали општината е без секретар, кој претходно сам се разрешил, а потоа се назначил на друга функција - раководител на одделението за финансии, по што заминал на годишен одмор.

Поранешен вработен во Општина Битола, сега пензионер, утрово отишол во зградата на Општината и  свирејќи со свирче ја најавил победата на Наташа Петровска на вчерашните локални избори.

Битола за првпат ќе ја води жена.

Наташа Петровска од СДСМ ја доби довербата на граѓаните во првиот круг и  ќе биде првата жена градоначалник во Битола.

Досега  со градот управуваа само градски татковци.

Наташа Петровска, која успеа да стане градоначалничка на Битола, издвојувајќи победа уште во првиот круг, вечерва им се обрати на морето од насобрани битолчани кои славеа пред штабот на СДСМ.

Наташа Петровска е новиот градоначалник на општина Битола.

СДСМ и коалицијата слават. Наташа Петровска води убедливо со над 7500 гласови, пред Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ . Пратеникот Васко Ковачевски најави победа за градоначалник на Општина Битола ,и убедливо мнозинство во Советот. Според аналитичкиот центар на СДСМ, од обработени  избирачки места 17000 гласови одат на контото на  Наташа Петровска , наспроти 9300  гласови за Зоран Илиоски. Од СДСМ велат дека„ граѓаните на Битола докажаа и покажаа дека сакаат живот во Битола за сите“.

Според информации од ОО на СДСМ, од обработени гласови од 38 избирачки места, СДСМ е во водство. 

Забележани се случаи на масовен транспорт на гласачи со комбиња од битолската населба Баир, соопшти Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“.

До 17 часот гласале половина од гласачите од  Битола евидентирани во единствениот избирачкиот список. Според информацијата од Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија, до 17 часот попладнево гласале 50 проценти од гласачите во Битола. Битолчани на овие избори избираат градоначалник меѓу четворица кандидати и советници од пет листи. 

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според рихтеровата скала е регистриран денеска во 5 минути до 12 часот со епицентар во соседна Грција, на 22 километри јужно од Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани