Директно

Со воведот во работа, кој денес започна во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, на кој присуствуваа претставници на Проектот за локлана и регионална конкурентност (ЛРЦП), претставници на изведувачите, надзорот, задолжените лица од општината за проектот, како и претставници на Заводот и музеј, започнува постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, информираат од Општина Битола.

„Иди зима, субвенции за 2500 инвертер клими во Битола обезбедени од Владата“, напиша на својот фб профил градоначалничката Наташа Петровска. Ова дојде како своевиден одговор на лепенките со радиоактивни знаци што беа исполепени денес од непознати лица низ шахтите во Битола, а на кои пишуваше „Иди зима“.

Лепенки со предупредувачки знак за радиоактивност и натпис „Иди зима“ денес беа залепени на повеќе шахти низ градот. Официјално не се знае кој ги поставил, а на социјалните мрежи некои напишале дека ова е акција на група битолчани поради загадениот воздух.

По ова со писмена реакција се огласи СДСМ истакувајќи дека ова е очаен и крајно неинвентивен обид за заплашување на граѓаните, предизвикување паника меѓу нив со употреба на разни семиотички симболи кои имаат за цел да предизвикаат внимание.

Ракометот се враќа дома. Вака пред малку напиша на својот ФБ профил, претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, додавајќи дека во четврток ќе се одржи седница  со единствена точка на дневен ред - давање согласност на Договорот за уредување на капитална и управувачка структура на РК Еурофарм и РК Пелистер.

ЕКГ во вредност од 70 илјади денари донираше  денес СОКОТАБ ДООЕЛ БИТОЛА во Клиничката Болница Битола.

Шумската полиција од Демир Хисар при организирана акција заедно со шумочуварската служба од Национални шуми „Бигла“-Демир Хисар затекнаа на лице место четири лица од Крушево при дива сеча на дрва. Дрвокрадците  подолг период „оперирале“ низ демирхисарските шуми и биле следени од шумската полиција, дознава Апла.мк. 

Во успешно спроведената акција одземени се десет метри дабови огревни дрва, товарно моторно возило и фалсификуван импровизиран жиг за жигосување на дрва. За сторителите поднесени се соодветни пријави.дрва 2

дрва 3

дрва 4

дрва 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани