2win800x200

Директно

Во пресрет на утрешниот референдум, денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците, како и македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување.

Зачувано е првото сценарио за филмот „Мист Стон“, дело на снимателот и режисер Трајче Попов и историчарот и писател Ѓорги Абаџиев. Се работи за сценарио од 1952 година кое деновиве беше изложено во битолската Магаза заедно со другата архива зачувана од филмот, а во склоп на изложбата „Мис Стон: некаде помеѓу Елен и автономијата“. Изложбата беше по повод 60 годишнината од премиерата на овој познат македонски филм, а поставена во рамки на Интенационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Баба Стефана Дилева која има осудесетина години потпирајќи се на бастунот денес со голема надеж го пречека медицинскиот тим кој ќе работи во амбулантата во Бач, општина Новаци, што се отвори по 13 години за да им пружа подобра здравствена заштита на населението.

Проблемите со достава на огревното дрво до пензионерите се надминуваат, а деновиве веќе се носат  до сите кои се евиднтирани на списоците и кои платиле, вели новиот претседател на Здружението на пензионери во Битола, Томе Димитровски, кој вчера ја презеде функцијата.  Од таму потврдија дека нивните заложби се огревното дрво да стигне до пензионерите до почетокот на грејната сезона.

За една година на Апла.мк објавени се околу 3000 текстови! Во просек по осум дневно. За 365 дена остварени се над 700 000 прегледи од наши читатели. Ова се бројките со кои нашиот он-лајн портал може да се пофали во првата година од своето постоење.

Ведрата и насмеана Клаудија Кардинале која е гостинка на ИФФК „Браќа Манаки“ , по прес-конференцијата дојде во бавчата на хотелот  Епинал и седна покрај аквариумите со риби. Додека уживаше во амбиентот забележа дека веднаш до неа има напис на кој пишуваше „Крап“на латаница на македонски и англиски јазик, па го зеде малото пано и почна да се забавува и да позира пред телефонот на нејзината придружничка.

Оние кои нема да имаат можност да присуствуваат на церемонијата за свеченото отворање на фестивалот "Браќа Манаки" во Битола, за првпат  ќе можат настанот да го проследат на видео бим поставен пред Центарот за култура.

Отворањето на фестивалот е вечерва во 20 часот

Легендарната филмска дива Клаудија Кардинале попладнево пристигна во Битола, а таа допатува заедно со нејзината ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија. Гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благоја Куновски Доре. Клаудија Кардинале вечерва ќе прошета по црвениот килима, а на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе ѝ биде врачена наградатат златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска во попладневните часови пристигнаа во Македонија.

Клаудија Кардинале пристигна со својата ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија и иако помалку уморна, таа на аеродромот во Скопје беше расположена, ведра и заинтересирана да ја запознае земјата која и’ оддава почест со наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија. Таа како вистинска филмска дива не покажа дека е заморена од патот, дозволи неколку фотографии веднаш по пристигнувањето.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани