Директно

Со апаузи битолчани вечера ја поздравија премиерната проекција на документарниот филм „Војникот од Фронтот-Валентин“, проект на Македонското научно друштво Битола и АЛДА-Скопје, во режија на Миле Гроздановски, сценарио на Светлана Петрова Насух, а го изработи Креатив продукција од Битола. Филмот е поддржан од програмата за соработка помеѓу Регионот Нормандија – Република Франција и Република Македонија.

„Уметникот од Фронтот“, така го нарекувале францускиот војник Етјен Андре Валентин (1893-1940), кој на Македонскиот фронт пристигнал со хартија и молв во рацете. Иако имал уметничка душа, во 1917 година бил испратен како член на артилериски полк да војува во областа на Мариово. Бил голем вљубеник во уметноста, па ни војната не му го одзела еланот да твори.

Општинскиот Совет отпочнува постапката за основање јавно претпријатие за управување со градските паркинзи во Битола. На сегашниот концесионер со градските паркинзи, договорот му истекува во јуни 2019, по што управувањето ќе го преземе Општина Битола, информираат за апла.мк од локалната самоуправа.

По повод стартот на новата учебна година градоначалникот Љубе Кузманоски го посети централното училиште Славко Лумбарковски -Новаци и заедно со директорот на училиштето Илче Соклевски им посакаа топло добредојде на 17 првачиња од кои 9 првачиња во ЦОУ. Славко Лумбарковски и 8 првачиња во подрачните училишта.

Деветотто графичко триенале кое се отвара овој понеделник во 12 часот во Малата сала на Завод и музеј во Битола е една од ретките надежни манифестации кои се занимаваат со вистинска уметност наспроти се посуровиот, покорумпиран, обездушен ликовен свет. Со свои графики учествуваат над 800 автори од 167 земја ширум светот.

 
 
Ако се менуваат повторно границите на Балканот, тоа не може да биде само меѓу Белград и Приштина. За жал, можно е колатерална штета да биде и Македонија после и некои други држави. Мораме да водиме сметка за државата и затоа без да плашеме никого, со референдумот, најубаво е да си ги суредиме работите и да станеме членка на НАТО, изјави националниот координатор за членство во НАТО, Стево Пендаровски, во Битола. 

Целосно изгорела куќа во битолската населба Баир во пожар што избувнал во 3.30 часот наутро, а бил локализиран во 4.15 од страна на Територијалната противпожарна единица-Битола.Kуќата e во сопственост на С.Р. немало повредени.Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Се трасираат и се подготвуваат за асфалтирање улиците во новата населба Златен рид.Интензивно се работи на градежните активности околу пробивањето и трасирањето на улицата „Тодор Скаловски“ , зад зградата „Аурум“.

Вклучена е струјата во десетте битолски училишта кои ЕВН ги исклучи пред еден месец поради неплатени сметки во вкупен износ од 8 милиони денари, со што се создадоа услови за непречен старт на новата учебна година.  Општина Битола  подмири поголем дел од долгот  на 8 основни и 2 средни школи, кои од 2012 година имаат блокирани сметки и не можат редовно да ги плаќаат обврските. Остатокот е договорено да се плаќа на рати. Доверителите покажале добра воља на кратко да ги повлечат извршните решенија за да се деблокираат сметките.

Облечени по фустани, високи потпетици, шапки, венчиња од цветови, па дури и вратоврски, битолчани дотерани возеа точаци. Тие беа дел од настанот 51-ва критична маса „Дотерани на точак“ чиј повик беше „Да возиме како прави дами и господа“. На велотурата се придружија неколку стотици битолчани, а велосипедската дружба започна од плоштадот Магнолија, се одвиваше низ градските улици и заврши во Бар чаршија.

-Ајде, со среќа да ни е денешната спогодба и соработка, рече генералниот директор на РЕК-Битола, Васко Ковачевски на денешното  потпишување на меморандуми за соработка со градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила, Наташа Петровска, Љубе Кузмановски и Јасмина Гулевска.

Според првиот човек на РЕК-Битола , комбинатот сака да им помогне на соседните општини во делот на економијата, социјалата и пред се во екологијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани