2win800x200

Директно

ЈП „Нискоградба“ утрово започна со чистење на коритото на реката Драгор од бујната вегетација.

Почитувани  читатели,

Во моментот ФБ фан страницата на Апла.мк не е во функција и се соочуваме со проблеми при споделување на текстовите, најверојатно поради лажно пријавување до ФБ, од каде добиваме известување дека содржините не ги исполнуваат условите за оваа социјална мрежа. Се разбира, станува збор за тенденциозна намера да се наштети на порталот Апла.мк затоа што вестите, темите и сите останати информации што ги објавуваме се проверени, професионални, ги исполнуваат сите потребни новинарски стандaрди,

На десет дена пред почетокот на учената година битолските училишта должат над 6,5 милиони денари за неплатена струја. Од 18 училишта на девет со блокирана сметка електричната енергија им е исклучена од крајот на јули. Од Општина Битола велат дека долговите се наследени од претходната власт, дури десет училишта се со блокирани сметки повеќе од шест години, а струја во школите претходниците престанале да ја плаќаат во април 2017 година иако уште не била сменета локалната власт.

Хитот „Добро утро Битола“ по текст на Валентин Соклевски и аранжман на Миодраг Неќак на манифестацијата „Незаборав“ ги стана битолчани на нозе. Песната која некогаш ја изведоа „Битолските конзули“ овој пат ја испеаја дел од членовите на оваа група во придружба на „Калабалак“, Бојан Стојков и професорот Зоран Маневски. Песната ја прикажува Битола како место кое ја смирува душата на секој битолчанец по тагата и осаменоста. За време на изведбата на интерпретаторите на сцена им се придружи и организаторот на „Незаборав“, Панде Димитровски, кој преку манифестацијата им овозможи на биточани да уживаат во серенадите и други песни што имаат битолски белег. Денес за добро утро, „Добро утро Битола“.

Словенечкиот уметник Емил Хрватин, еден од тројцата Словенци кои си ги смениле имињата со она на десничарскиот политичар Јанез Јанша, ќе одржи предавање на „Name- readymade“ на 13 –то издание на Фестивалот за современа уметност АКТО што од 23 до 25 август ќе се одржи во Битола. Ова е само еден од перформансите поврзани со феноментот промена на име што се дел од годишениот фестивал, кој пак го носи мотото „Општество во изградба“.

За кондураџиите од опера кои отсвирија 1500 свадби.

Пееја за конзулските балови, а себе си на шега се нарекуваа кондураџии во опера и шнајдери во судот. Публиката ги запамети по шегите и анегдотите, но пред сѐ по извонредните музички настапи дури на 1500 свадби, а не се знае уште колку стотици крштевки и други веселби. Незаборавниот музички состав „Битолски конзули“ кој не е активен подолго време, синоќа оживеа преку осмиот по ред „Незаборав“, манифестација посветена на битолски музички легенди, која неуморно ја организира Панде Димитровски.

Ѓуро Илиќ е назначен за нов претседател на Општинската изборна комисија во Битола. Илиќ е со долгогодишно работно искуство од над 30 години во Општина Битола, а над 20 години е раководител на Секторот за правно-нормативни административни и општи работи при Општина Битола. Се чека официјално објавување во Службен весник, потврдија за апла.мк од Општина Битола. Илиќ доаѓа на местото на Зоран Насев кој пред извесен период го напушти работното место во  Општината  и замина во приватен сектор.

 

Во јуни годинава во Битола имало трипати повеќе странски туристи отколку пред осум години, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Според нивната база на податоци, во јуни 2018 година Битола ја посетиле 2571 странски турист, а истиот месец 2011 година 859. Во јуни ова лето биле регистрирани 6670 ноќевања од страна на странски туристи, а истиот месец пред осум години 1595 ноќевања што е дури четири пати повеќе. Сепак, не се работи за нагло зголемување на бројот на странски туристи, туку тој постепено се зголемувал во изминатите години.

Само три проценти од улиците во Битола носат женски имиња, а дури 43 проценти машки. Според информации од гугл мапс и викимапиа, Битола има околу 345 улици, од кои околу 150 носат машки имиња, десетина женски, а останатите имиња на места, датуми и настани.  На секоја 34-та улица доаѓа по една со женско име. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани