2win800x200

Директно

Нова фасада се прави на зградите на Основниот, Апелациониот суд и Обвинителството во Битола. Обновата на фасадите следува по повеќе од две години од „Шараната револуција“во Битола , во мај 2016 година, кога битолчани учесници на протестите ги обоија судовите барајќи оставка од претседателот Иванов и сега екс градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна, делагација на Општина Битола, Советот  и Сојузот на борци оддадоа пред на Споменикот на револуцијата во центарот на Битола.

Македонија денес слави 115 години од Илинденското востание и 74 години од АСНОМ.

Трите главни чествувања на националниот празник Илинден, на Втори Август, и оваа година ќе бидат на Мечкин Камен, Во Пелинце и во Скопје.

Во Крушево годинава поздравниот говор ќе го одржи претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар Пелинце ќе оди делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а чествувањето во Скопје ќе го предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По повод празникот Илинден, во 9,30 часот пред споменикот на Илинденците во храмот „Св. Недела“ во Битола делегација од Општина Битола ќе положи цвеќе. Во 10 часот полагање цвеќе ќе има на споменикот пред Центарот за култура, а во 10.30 на споменикот во с. Цапари..

Македонија не била од воинот Аце, туку постара дури од времето на Ное чија арка се насукала не на Арарат туку на Шарарат, поточно на Шар Планина. Вака започнува дејствието во новата претстава „Но(е)ва Македонија“ на Народниот театар од Битола чија премиера беше поставена вчера на театарската сцена во Битола. Претставата ја исмева демагогијата што ја шират политичари злоупотребувајќи ја историјата и групното лудило што го опфајќа народот барајќи докази дека е библиски.

Играорци од „Хрватско културно друштво ШИД“ од Србија , денеска пред 16 часот кај Предајане во Грделичка клисура во Република Србија враќајќи се од Битола каде беа гости на фестивалот „Илинденски денови“, доживеале тешка сообраќајкна несреќа во која за среќа нема жртви, само повредени. Во сообраќајката учествувале две возила и автобус и според српските медиуми од автобусот  каде биле играорците од 33 патници имало дваесеттина повредни. Сите се хоспитализирани и укажан им е лекарска помош.

Жестока расправа во битолскиот Совет денеска предизвикаа измените на одлуката и дополнувањето тарифата за општински линиски превоз донесени во 2012 и 2015 година. Општината треба да спроведе постапка за јавна набавка за превоз на ученици кои имаат право на бесплатен превоз, а ќе ги користат линиите од општинскиот линиски превоз. Опозицијата обвини дека власта само се обидува да ја замајува јавноста, затоа што ништо не се менува, а цените за превозот остануваат исти.

По името на ракометната легенда Боро Чурлевски, кој прерано почина, е преименувана Спортската сала ,,Младост" во Битола. Владеачкото мнозинство во Советот преку Комисијата за спорт како точка на дневен ред ја предложи иницијативата Спортската сала да добие ново име според битолски ракометар познат во бившите југословенски простори и Европа.  Иницијативата предложена од Методија Илиевски, координатор на советничката група од СДСМ, едногласно беше изгласана од власта и опозицијата. 

Над 200 деца во Македонија секоја ноќ легнуваат и на утро се будат без родителска љубов . Тие живеаат во институции, иако згрижувачките семејства се најдобра алтернатива во услови кога  биолошкото семејство не е во можност да им ја пружи грижа.

Жетвата во Пелагонија годинава започна лошо со постојани прекини поради дождовите, со намалени приноси и катастрофално ниски цени,оценува Вељо Тантаров  претседател на  Сојузот на земјоделци на Македонија.

„Се навршија четириесет години како со лесен чекор ги играм македонските ора иако ја заминав седумдесетката. Орото ми доаѓа како мевлем на годините. Кога сум фатена на него како да сум млада девојка“, вели Злата Коцева, играорка од културно уметничкото друштво „Цветови“ од радовишното село Дедино. Со другите нејзини другарки, повозрасни играорки, ги затекнавме облечени во стари македонски носии на Дефилето на фолклористи низ Широк Сокак што се одржа на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани