2win800x200

Директно

Да го испратиме во историјата и да го заборавиме еднаш засекогаш синдромот да го порекнуваме успехот на другиот. Ова е успех на сите нас без разлика на политичката определба, порача премиерот Зоран Заев на општо народната прослава по повод поканата за членство во НАТО што вечерва се одржува во Битола. 

Денес со почеток од 21 часот на Широк Сокак пред Центарот за култура и во Битола ќе се одржи прослава по повод поканата на НАТО за членство на Македонија во алијансата. Битолската градоначалничката Наташа Петровска навајвувајќи го престојниот настан насловен симболично „Одиме напред“ рече дека ова е историски момент за Македонија зашто таа во иднина ќе може рамо до рамо со моќните држави да решава за значајни прашања.

Прочистителната станица што во следните две години ќе се гради во Битола ќе го реши горливиот еколошки проблем со загаденоста на водотеците во Битолско. Директорот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ Методи Силјановски, најави дека есенва ќе биде распишан меѓународен тендер за избор на фирма која ќе ја гради станицата, ќе го догради колекторскиот систем и ќе го врши наздорот.

„Пречостителната станица ќе ги опфајќа отпадните води од Битола, селата Кравари, Долно Оризари, подлеплистерските села. Петтиот канал со пречистителната станица ќе биде 95 проценти чист, се решава и Драгорот и загадувањето на Црна Река од страната на Битола, па потоа и големиот проблем како што е загадувањето на Тиквешкото езеро“, рече Силјановски.

Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со санација на ударните дупки низ улиците во општина Битола, односно локалните патишта кои се под општинскa надлежност.

„Поради временските неприлики и дотур на асфалт од базите одреден период не се извршуваа овие активности. Согласно програмата на Општина Битола за одржување на улици и патишта во следниот период интензивно според списокот што ни го достави Општината со имиња на улици за санација на ударни дупки, активностите ќе течат континуирано“, рече директорот Методи Силјановски.

На среде лето  кога  учениците се на распуст, а  наставниците колективно  на летен одмор Министерството за образование и наука дава напатствија за запишување  ученици во јавните средни училишта во учебната 2018-2019 година. Уписот  трае од 10 до 13 јули, а во средните училишта на меил бил испратен  во вторникот (на 10 јули) во 15 и 30 часот, кога поминало работното време. 

Вчера во 19 часот по њујоршко време во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк се отвори изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980, истражувачки проект кој пред очите на светската публика го претстави исклучителното модернистичко наследство од територијата на поранешна Југославија. „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980 воедно е и првото обемно претставување на оваа архитектонска продукција во една од најреномираните светски културни институции.

Жестоки реакции  на социјалните мрежи предизвика  веста што ја објави апла.мк дека малолетници во алкохолизирана состојба, возејќи скутер со огрмна брзина на Шеталиште, прегазија куче кое мирно спиело. Бараат да се казнат малолетниците, затоа што, велат,  доколку не се санкционира ваквото однесување, тоа создава поголеми проблеми и несреќи во иднина. Граѓаните вината ја лоцираат во органите на прогонот, но и кај родителите, затоа што децата биле надвор и без контрола во 3 часот по полноќ, а се однесувале недолично, но и опасно.

Пустош по ресенските овоштарници остави циклонот Флоријан кој вечера попладне ја зафати Преспа со силни врнежи од град. По трет пат ова лето наврна град во најплодниот регион со јаболка во земјава, па овоштарите велат дека сто проценти од годинешниот род е оштетен. Најзагрозени се овоштарниците во селата Јанковец, Сопотско и Златари. Наместо на странските пазари, исчуканите јаболка ќе завршат во индустријата за преработка,каде откупната цена е доста ниска.

Општина Могила веќе прогласи елементарна непогода во шест села погодени од лошото невреме со врнежи од град, што предизвика големи штети кај тутунот, пченицата, пченката и други земјоделски производи. Претседателот на Советот Александар Јанкуловски, изјави дека во четири села од пред две недели е прогласена елементарна непогода, а на денешната седница на Совет на списокот ќе бидат додадени уште две села или вкупно шест.

Преку цел ден најголема комунална бучава во Битола има кај кружниот тек меѓу улиците „Филип Втори Македонски“, односно некогашната „Иван Милутиновиќ“ и „Столарска“, поточно пред Здравствениот дом и кај месноста викана „Грозд“.

Мерењата на Центарот за јавно здравје од Битола за ланската година покажаа дека на кружниот тек пред Уредот отстапувања од граничната вредност има за четири децибели преку ден, вечер и ноќ. Така, преку ден и вечер измерените вредности покажале бучава од 59 децибели, а границата е 55, ноќе 49 децибели, а нормалата е до 45. Ова е зона на здравствена заштита и спаѓа во подрачје од втор степен на заштита од бучава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани