Директно

Камион натоварен со бекатон плочки се преврти на патот Битола-Ресен кај превојот Ѓавато, откако му откажал системот за кочење.

Најпрво камионот удрил во заштитната ограда крај патот, по што се превртил.

Камионот е со битолски регистерски таблички, и е предизвикана само материјална штета. Нема жртви, ниту повредени, потврдуваат од СВР Битола за апла.мк

 

По натегањата, препукувањата и дискусиите на седницата, баклавата на крај ја заблажи атмосферата во битолскиот Совет. На првата работна средба, своите колеги со баклава по повод неодамнешниот празник Рамазан Бајрам ги почести советникот Бурим Керими од ДУИ. Баклавата беше домашна и вистински деликатес. Советниците се облажија по завршувањето на седницата. Меѓу оние кои седнаа на трпезата не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери зашто тие веќе претходно ја имаа напуштено седницата поради револт од промената на името.

Возило цитроен Ц3 утрово било опожарено на улицата "Цар Самуил" во Битола, потврдија од СВР за  Апла.мк.

Неофицијално, се работи за семејно возило на еден од поранешните менаџери на ИМБ. 

Според полицијата, настанот го пријавиле соседите во 4 часот утрото, кога ја повикале и Противпожарната единица. Првично, има оштетувања на покривот од возилото и во внатрешноста. Засега, СВР Битола не може да потврди како дошло до запалување на возилото. 

Фасцинантна фотографија од невремето кое попладнево беснееше над Битола направи битолскиот фотограф и камерман Агим Џело. Фотографскиот запис е направен од месноста Смолево на патот кон Студентскиот дом, токму во  моментите на кулминација на бурата во градот. На неа се гледа како од небото паѓа гром, најверојатно на излезот од Битола кон Прилеп. Фотографијата е доказ дека и нешто убаво може да се изроди од страшното невреме, барем кога уметноста е во прашање.

Јавното претпријатие „Пазари“ од Битола заедно со тезгаџиите започна акција за отстранување на конците и ортомите кои висат над главите на продавачите и купувачите. Првата промена е направена на улицата во средишниот дел од пазарот која се наоѓа помеѓу сирењарата и реоните 3 и 5. Понатаму ќе следуваат и други инвестиции со цел битолскиот градски пазар да има што подобри услови за тезгаџиите и купувачите.

Четири проценти од сопствениците на туристички рурални капацитети во земјава користеле субвенции од државата или пари од други фондови за унапредување на бизнисот, покажа истражувањето на Руралната коалиција, поддржано од УСАИД.

Клиничката болница од Битола за потребите на пациентите на Очното одделение од сопствени средства набави најнов апарат за оптичка кохерентна томографија со OCT ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото.

„Ова е најнов апарат, прв во јавното здравство во нашата земја и пошироко. Процедурата е неинванзивна и краткотрајна. Со ова на Очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој од август ќе работи обучен кадар по сите светски стандарди“, изјави за Апла.мк портпаролката на болницата, Сузана Конеска.

Траги од мечка се забележани над битолската населба Стрчин. Жители за Апла.мк раскажуваат дека ја виделе мечката со мало мече. Велат дека скоро секоја вечер слегува по ридот, во близина на населбата, во потрага по храна. Во околината има пчеларник, па  стопанот за да ја набрка палел и оган. Но, попусто, мечката навраќа скоро секоја вечер. Планинари ја виделе како минува и кај каналот над месноста Смолево. Со години законот ја заштитува мечката од лов, па многу е намножена во планинските предели. 

35546838 10211811853199734 4092121071556231168 n

35550886 10211811850999679 1450887605250949120 n

Македонија е нашето име и нашиот код, затоа го повикувам народот и понатаму да продолжи нашата земја да ја вика Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест во Битола организиран против потпишувањето на договорот за промена на името.

Договорот за името денес ќе биде потпишан во село Нивици (Псаридис) во Грција на брегот на Преспанското Езеро. Потпис на договорот за решавање на долгогодишниот спор со името ќе стават шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Со договорот официјалното име за севкупна употреба на земјава ќе биде Република Северна Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани