АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола често може да се види добиток без стопан како се шета по улици, а граѓаните на социјалните мрежи шеговито коментираат дека миграциската треска село-град ја зафатила и стоката.
Стадо овци се напасува низ паркот кај градското шеталиште, неколку коњи пак, станаа постојани жители на градот и битолчани ги гледаат и ги фографитраат на различни локации-во центарот, во Нова Битола како буричкаат по контејнерите пред згради или се движат по главните сообраќајници, помеѓу возилата. Има и кози, а деновиве во близина на Железничката станица во Битола се заблежани и две крави кои се шетаат по улица. Овие фотографии советниците од Поинаку ги објавија на фејсбук групата Битолски проблеми.
Некои шеговито коментираат дека кравите тргнале на чорба во „Путник“ и им дадоа и имиња -Шарка и Белка.
Други велат дека повеќепати е пријавувано во полиција, која доаѓала, но нема решение на проблемот. Граѓаните бараат надлежните да ги пронајдат и казнат несовесните стопани, а добитокот да се тргне од улиците низ градот.