Во Општина Битола се поставени 22 нови специјализирани контејнери за одлагање на стаклена амбалажа. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Панде Богоевски, потпишаа договор за примопредавање на новите контејнери со претставник од Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги (ГИЗ ОРФ ММС). Овој проект во Република Северна Македонија се реализира со поддршка на ЗЕЛС, на ПАКОМАК и на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола  е дел од регионалната мрежа на хортикултурни библиотеки, концепт кој што вклучува  запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, уметноста, како и промовирање на литература од истата област со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеката и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори.

Се зголемува бројот на заболени од коронавирусот и во Битола. Денеска се регистрирани 23 позитивни случаи, а активни има 187. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Десет новозаболени се регистрирани денеска во Битола, а има 146 активни случаи. Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани