2win800x200

 

 
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (06.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

 

 
Денеска (02.09.2023) во Битола, полициски службеници од  криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.М(19) од Битола. Тој се сомничи дека денеска одзел накит од Е.В од Австралија, со престој во Битола.
Лицето било приведено во Полициската станица Битола и во службен разговор го признало делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Известување до јавноста

 
СВР Битола ги известува граѓаните на Битола дека,  на (03.09.2023),недела во времето од 07.00-13.00 часотво Битола ќе се одржи  спортската манифестација "ТРЧАЈ БЕ" ,поради што СВР Битола ќе воведи посебен режим на сообраќај и тоа на следните релации:
Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка – улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ 
– Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска до ул. „Широк Сокак“ .
Се замолуваат граѓаните на Општина Битола да ги почитуваат насоките кои ги даваат полициските службеници за непречено одвивање на сообраќајот и манифестацијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани