Пензионерите да останат дома и да ги користат услугите на Црвениот Крст, апелираат од Здружението на пензионери

Март 21, 2020

Здружението на пензионери Битола, ги известува сите пензионери, дека е во постојана координација со ОО на Црвениот крст Битола и Општина Битола за снабдување и потреба од основни средства за хигиена, храна,лекови како и други услуги за нашите пензионери.

Апелираме да се почитуваат препораките за заштита и спречување од вирусот COVID-19 од Министерството за здравство и Владата на   РСМ,  да се седи дома и да не се излегува надвор без потреба .

Доколку имате потреба од овие услуги јаветесе на телефоните 047-236-019 и 070-381-749. и најбрзо ке бидете услужени во вашите домови.

Ве известуваме дека на терен се излезени легитимирани волонтери –тимови, кои вршат достаување на храна, средства за хигиена, лекови за сите пензионери и грагани

Останете дома,   грижата за јавното здравје е грижа и обврска на сите нас.

                                       

Здружение на пензионери Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани