Соопштение на ЈП„Пазари“-Привремено се затвора добиточниот пазар во Битола

Март 23, 2020

Привремено се затвора добиточниот пазар во Битола.

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека привремено се затвора добиточниот пазар во Битола.

Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука и решение за забрана на работа на добиточни пазари. Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.

Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани