Соопштение на ЈП „Паркинзи“-Битола

Мај 22, 2020
Јавното претријатие за изградба и одржување на јавен превоз и паркирање и уредување на јавен превоз во Општина Битола, ЈППЈЛП – Битола, им соопштува на граѓаните на Општина Битола, дека услугата за наплата на паркинг преку СМС порака, преку сервисот на припејд и постпејд корисниците на А1 Македонија, на 23 мај 2020 година (сабота) нема да е во функција поради техничка надоградба на софтверскиот систем на наплата. Им соопштуваме на граѓаните кои во дадениот период ќе ја користат услугата за паркирање, статусот на паркирањето да го регулираат со купување на гребни карти од лицата кои вршат наплата на терен и од наплатните бутки на ЈППЈЛП – Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани