2win800x200

Трибина на СДММ-„Младите, мост на европските перспективи“

Март 24, 2019

„Ако немаме младина, немаме ниту перспектива како држава. Токму затоа, приоритет на оваа Влада е како да ги задржи младите во државата, а со нашето евроатланско интегрирање се отвораат многу перспективи за нив“, рече државниот секретар во МНР Виктор Димвски, на денешната трибина „Младите мост на европските перспективи“ што се одржа во организација на СДММ од Битола.

-Во изминатите десетина години пред доаѓањето на оваа власт, според податоци на ЕУРОСТАТ, од 2006 до 2013 година, 325 илјади млади ја напуштиле Македонија и се стекнале со статус на привремен или постојан престој во земјите членки на ЕУ. Ако на ова ги додаме бројките кои наши млади луѓе се иселиле со бугарски пасош и оние кои се во останатите земји надвор од ЕУ, овие бројки се поразителни. Затоа првата задача на оваа Влада е да најде начин и да креира перспективи како младите луѓе да остана во нашата земја.Аако тие се достојни и квалитени да работат во странство, мора да најдеме начин таа перспектива да ја гледаат тука и да останат во државата. Тргнувајќи од овие факти, Владата презеде низа мерки на надворешен и внатрешен план за да се надминат децениските спорови со кои се соочувавме, а ова отвори перспекитва на патотот за реалзиација на двата наши стратешки приоритети, да станеме член на НАТО и да ги отвориме пристапните преговори за членстов во ЕУ. На двата правци сме на добар пат, рече Димовски, државен секретар во МНР.

Градоначалничката Наташа Петровска, зборуваше за обврските кои стојат пред една локална власт за создавање што повеќе услови за младите генерации да останот во својот град.

-Централните политики го врамуваат она во која насока би се движела државата и како на локлано ниво да се имплементритаат сите политики кои ги дефинира централната власт. Но за за  проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните во местото на живеење, надлежна е  локалната власт. Кога зборуваме какви политики треба да градиме и што е она што младите би ги заджало во било која општина, не е лесно затоа што не тоа  нешто што е поврзано само со вработувањето. Тоа е комплексна слика, каде што како локална самоуправа треба да се започен од најраните години, услови за децата во градинките, училиштата, создавање соодветни кадри за пазарот на трудот,  вработувањето и овозможувањето на младиот човек да го реализира својот работен век, рече градоначалиничката Наташа Петровска, која на трибината зборуваше токму за прокетите во претшколските и школските установи, вложувањата во спортот и спортските објекти.

Исто така, Петровска рече дека општината е пред потпишување на договор за реконструкција на Офицерскиот дом, со што ќе се создаде соодветно место за одржување на културни настани, а соопшти и дека во тек се процедурите за добивање градежна дозвола за изградба на затворен базен во училиштето „Даме Груев“ во Битола.

Претседателот на СДММ, Дарко Каевски, пред младите во Битола, зборуваше за мерките што ги импелментрира Владата, кои ќе овозможат младите да добијат поголеми шанси за вработување, доедукација и пракса, но и кои ќе го поттикнат нивниот претпријемачки дух со цел да останат во државата.

-Ја поттикнувам социјалдемократската младина да органзира што повеќе вакви трибини на кои ќе разговараме за проблемите, но и да даваме сугестии, препораки, забелешки за заеднички да изградиме еден став и заедники ќе се бориме за подобра иднина на сите малди во нашата држава и колку што можеме да влијаеме што повеќе млади да останат во нашата држава, рече Дарко Каевски, претседател на СДММ и директор на Агенцијата за спорт

 

55901733 2254402701278433 8041541223342669824 n

54518447 2253725108290694 6600037786626031616 n

55545389 299223614088722 5509273881950552064 n

54519064 563552210818227 943765354729963520 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани