Академската фела се вклучува во изработка на значајни проекти за Општината

Јуни 06, 2019

Академската фела се вклучува во изработка на значајни проекти за градот, а за таа цел денеска деканот на Теничкиот факултет проф. др. Стојанче Нусев, потпиша меморандум за соработка со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

-За Технички факултет Битола ова е ислучително значајно бидејќи наши професори и студенти ќе бидат влучени во изработаката и реализацијата на проектите што се планираат во Општина Битола. Еден од најзначајните е гасификацијата каде ќе биде вклучен наш кадар со своето стручно знаење во изработката и реалзиацијата на овој проект. Но, исто така нашите профсори ќе бидат вклучени и во други проекти на Општина Битола, како на пример топлификација, потоа екологијата, односно заштита на животната средина и други, рече деканот на Техничкиот факултет во Битола, проф. др. Стојанче Нусев.

Градоначалничкта Петровска, посочи дека придонесот на академската фела во изработка на прокети како што е гасификацијата, е од  огрмно значење.

-Општина Битола се наоѓа во фаза на изготвување на идеен проект за инфраструктура и основен проект за гасификацијата. Токму затоа многу ни е значајно мислењето на академската фела, на професорите од Машинскиот факултет, така што нивните сугестии во овие процеси многу ќе ни значат, со што очекуваме дека ќе дадат додадена вредност во добивање на квалитетно решение на овој значаен проект за Општина Битола, рече Петровка.

За проктот за гасифиација во април заврши тендерската постапката за избор на проектант, потпиашан е и договор со избраната фирма „Простор“ од Куманови, информираат од Општина Битола.

-Покрај гасификацијата, пралелно во Битола се одвиваат уште два големи проекти, тоа се топлификацијата што ја спроевдува ЕСМ и колекторскиот систем. Сега следи фаза на усогласување на трите проекти, потоа изработка на идеен и основен проект. Сопоред динамиката и проектниот план градежната дозвола за гасификацијата треба да се добие во јуни следната година, но ние ќе се потрудиме да биде и порано. Според динамиката на МЕР магистралниот гасовод треба да стигне во Битола во втората половина на следната година, вели Владимир Костурски, заменик раководител на сектор во Општина Битола.

Договорот за проектирање опфаќа 25000 метри идеен и 10000 метри основен проект за дистрибутивна гасификациона мрежа и телекомуникациски коридор

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани