Webp.net gifmaker

Иницијатива за отворање почесен конзулат на Албанија во Битола

Ноември 21, 2017

Здружението „Конгреси Башкимит“ од Битола заедно со агенцијата Илирија Њус од Скопје, денеска поднесоа предлог до претседателот на Албанија, Илир Мета, за отворање почесен конзулат на Албанија во Битола. Велат дека на овој начин ќе се подбри комуникацијата меѓу двата народа на културен план, но исто така, ќе се зајакне и економската соработка.

-Денеска доставивме иницијативно писмо до Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, за отворање на конзулат во Битола. Ова псимо го достваивме до протоколот на Претседателот и очекуваме наскоро да биде прифатен предлогот. Сметеме дека доколку се отвори ваков конзулат во Битола, ќе се подобри комуникацијата меѓу двата народи и меѓу двете држави, а ќе се продолжи и традицијата од минатото. Со еден ваков конзулат културните активности ќе бидат почести, а исто така значајна е и економската соработка. Исто така, во Албанија има 2 конзулати на Република Македонија, во Корча и Драч.Слично барање имавме доставено заедно со агнецијата Илирија Њус до поранешниот претседател на Топи, но одговор не добивме, изјави Фергим Демири од здружението „Конгреси  Башкимит“ од Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани