Webp.net gifmaker

НА ДЕНЕШЕН ДЕН родена е Лилјана Ахилова ЧАЛОВСКА, носител на партизанска споменица

Декември 03, 2017

Вo 1920 г. во Софија, Бугарија е родена Лилјана Ахилова ЧАЛОВСКА, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, новинар, политичар, општественик и поет.

Била член на СКОЈ од 1939 г. и на КПЈ од 1940 г. Била еден од лидерите на македонското студентско движење на Белградскиот универзитет и курир на ЦК на КПЈ на релацијата Белград-Загреб. Непосредно по Априлската војна 1941 г. станала член на МК на КПЈ во Битола, а потоа и член на ПК на СКОЈ за Македонија во септември 1941 г. Ги одржувала врските со ЦК на КПЈ и била активист на Агитпроп на ПК на КПЈ за Македонија. Била уапсена од бугарската полиција и интернирана во 1943 г., но успеала да избега и да замине на слободната територија во Западна Македонија.

Била член на Иницијативниот одбор за свикување на Првиот конгрес на НОМСМ и била избрана за член на Главниот одбор на НОМСМ. По Конгресот заминала со Групата баталјони и по Февруарскиот поход, како член на Редакцијата учествувала во подготовката на првиот број на в. „Млад борец". Била член на Централниот одбор на УСАОЈ, а како новоизбран секретар на ПК на СКОЈ, била кооптирана и за член на ЦК на КПМ во јули 1944 г. Била избрана за делегат за Второто заседание на АВНОЈ, а како делегат на Првото заседание на АСНОМ била избрана за член на Президиумот на АСНОМ.

По ослободувањето била избрана за член на првиот Главен одбор на АФЖ за Македонија на 15 декември 1944 г. Ја завршила Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград. Била уредник на дневниот в. „Борба“ во Белград, пратеник во повеќе свикувања во Собранието на СРМ и во Собранието на СФРЈ, член на ДПМ од 1967 г. и член на Советот на Федерацијата од 1974 г. Била носител на Партизанска споменица 1941.

Починала во Скопје на 20 јули 1997 г.

Подготвил д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани