2win800x200

100 години од раѓањето на народниот херој Пецо Божиновски

Јануари 15, 2020

Во 1920 година во Битола е роден Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, народен херој.

Како млад работник станал член на СКОЈ и нешто подоцна во 1941 г. на КПЈ. По фашистичката окупација бил член на Воениот комитет при МК на КПЈ во Битола и го помагал функционирањето на партиската техника.

На 22 април 1942 г. станал борец во редовите на првиот Битолски партизански одред „Пелистер“. Од 6 јули 1942 г. бил борец и интендант во Битолско-преспанскиот партизански одред. Во јули 1942 г. од бугарскиот воен суд бил во отсуство осуден на смрт. Во септември 1942 г. станал борец во Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“. Во 1943 г. станал специјален курир при Главниот штаб на НОВ и ПОМ.  Во август 1943 г. бил заменик политички комесар на чета во Партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа од јуни-октомври 1944 г. бил заменик политички комесар на Седмата македонска бригада.

Во оружените борби двапати бил рануван. Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 август 1952 г.

Починал во Скопје на 26 септември 1970 г.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани