Webp.net gifmaker

ИЗБРАНО НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ ЗА РЕДИЗАЈНИРАЊЕ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ДУЛИЕ

Јануари 24, 2020

Трудот со шифра „SHARP“ на авторите Дејан Томски и Мила Ролиќ е избраниот труд од петте конкурсни трудови, кои пристигнаа на распишаниот конкурс за избор на решение за редизајнирање на кружен тек кај месноста „Дулие“ во Битола, на тема „Круг на јарболите“.

Според жири комисијата, идејата на авторот и инвентивноста на овој труд, соодветствува на целокупниот амбиент со силен уметнички израз. Пораката што ја пренесува решението е целосна, издржана и силна – ракување, решението е транспарентно, лесно и економично за изведба со можност за етапна градба. Жири комисијата заклучи дека сите пет трудови ги задоволија условите пропишани во конкурсот.

Градоначалникот на Општина Битола, како распишувач на конкурсот ќе организира изложба на конкурсните трудови во просториите на Општина Битола, на која ќе биде доделена награда од 60 000 денари за првонаградениот труд и по 6 000 денари за секој труд кој ги задоволи критериумите на конкурсот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани