Webp.net gifmaker

Кузманоски-Општина Новаци со поддршка на пензионерите

Февруари 09, 2020

Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со заменик директорот на Фондот за Пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија Илија Ивановски , претседателот на здружението на пензионери од Битола Томе Димитровски и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, остварија средба со пензионерите од здружението на пензионери од општина Новаци и здружението на жени пензионери „Силата на бабата” од Новаци .

Се разговараше на теми од интерес на пензионерите,за новото покачување на пензиите, состојбата на пензискиот фонд, барањата од страна на пензионерите и други актуелни прашања.

Градоначалникот Кузманоски ја оцени како продуктивна ваквата блиска средба на пензионерите со високи претставници од Фондот на ПИОМ и соработката со здружението на пензионери од Битола. Градоначалникот ја истакна и максималната поддршка кон сите пензионери од општина Новаци од страна на локалната самоуправа.

Заменик директорот на Фондот на ПИОМ Илија Ивановски пред присутните пензионери потенцираше дека со пензиската реформа којашто стартуваше на почетокот на годината пензиите се стабилни и продолжуваат континуирано да растат на сметка на направената заштеда во Буџетот од 4 милијарди денари.

“Со пензиската реформа е обезбедена редовна исплата на пензија на сегашните, но и на идните пензионери, без при тоа да се зголеми старосната граница за пензионирање. Со Закон се воведува редовно усогласување на пензиите и тоа два пати годишно. Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината според процентот на пораст на трошоците на живот и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Она што е најбитно е дека пензиите веќе се исплаќаат без позајмица бидејќи приходите во Фондот се зголемуваат што е резултат на покачувањето на минималната плата и на просечната плата , зголемување на стапката на придонеси од 18 на 18,4 % , новите работни места од над 60.000 во последните 2 и пол години и се разбира со домаќинско работење се успеа во стабилизација на Фондот со енормно намалување на буџетската дупка која се закануваше со нередовна исплата на пензиите.Денес пензиите не само што се стабилни туку и зголемени за 700 денари а со линеарното зголемување ќе имаме и намалување на јазот на повисоките пензии за сметка на пониските.”-истакна Г-динот Ивановски.

Владините политики во изминатите две и пол години беа насочени кон стабилизирање на пензискиот систем, а зголемувањето на износот на придонеси и намалувањето на дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, овозможија значително зголемување на пензиите за сите категории пензионери.

Грижата за највозрасната група на граѓани продолжува, тоа се луѓе кои со својот труд и работа придонеле за градењето на општеството и токму затоа заслужуваат достојно внимание и почит.

DSC 0438

DSC 0439

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани