2win800x200

СВР Битола чува 13 лица во изолација

Март 17, 2020

СВР Битола чува 13 лица  кои се во изолација  поради тоа што биле во контакт или во близина со луѓе болни од корона, кажа на прес-конференција  министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. На ниво на држава полицијата во моментов обезбедува 310 граѓани кои се во изолација.  

Освен Дебар и Жупа, кои се целосно под изолација, СВР Скопје моментално обезбедува 173 лица под изолација, СВР Битола 13, Тетово 16, каде што е констатирано едно прекршување на мерката изолација и за кое постапува ОЈО Тетово.  Натаму, СВР Охрид чува 82, Струмица 12 под мерка здравствен надзор. Едно лице од Струмица излегло од изолација своеволно, крим-полицијата го собрала и ќе му поднесе пријава. Во Куманово полицијата чува 6, во Штип 8 лица под изолација. Специјалните сили спречиле 14 обиди за напуштање на Дебар и Жупа без лекарска дозвола.

Чулев кажа дека според владината одлука, Скопскиот аеродром треба да се затвори за сообраќај во текот на утрешниот ден, среда.

МВР силно апелира до граѓаните да се воздржат од патување надвор од државата, а и да го ограничат собирањето во групи во текот на работниот ден.

МВР отвори бесплатна линија за сите активности на МВР: 080000201, која ќе работи секој ден 24/7.

На 15 март, рече Чулев, МВР евакуирало 90 заглавени наши граѓани по аеродроми во Европа. Полицијата ги обезбедува и лекарите, дотурот на пари во банки и терминали.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани