Webp.net gifmaker

Епидемиологот Коњановски со препораки на фб за битката за COVID 19

Март 17, 2020

Епидемиологот Д-р Тони Коњановски на својот фејсбук профил во деновите кои следат ќе сподели свои препораки како битолчани да се заштитат од вирусот COVID 19.

Тој најавува дека во деновиве кои следат и покрај неговите обемни работни обврски, ќе најде време да ги сподели сите сознанија, препораки, мерки и постапки со битолчани и другите жители во земјава за заедно да ги спроведеме во оваа наша “битка” со болеста.

Докторот на својот фб профил напиша: „Стравот од непознатото, немирот, паниката, се вгнездија во секој дом, секое семејство, колектив. Како лекар, специјалист епидемиолог обучен и повикан да дејствува во вакви кризни ситуации, заедно со моите колеги од Центарот за јавно здравје од самиот почеток на заканата секојдневно, 24часа на повик, комплетно сме инволвирани во следење, контрола и спречување на ширење на инфекцијата. Новиот вирус SARS Cov-2, причинител на новата закана наречена СOVID 19 е веќе меѓу нас. На Нас, пред се на моите колеги здравствените работници,но и на Вас, моите сограѓани, моите пријатели, познаници, знаени и незнаени е товарот и одговорноста да се справиме и избориме со предизвикот. Епидемиологијата на COVID 19 не познава боја, вера, национална припадност а уште помалку партиска припадност. Затоа заедно, без паника, но со крајна сериозност и одговорност, почитувајќи ги доследно препораките на лекарите да се обидеме да ја извојуваме битката на оваа генерација“.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани