2win800x200

Колкава е смртноста од КОВИД-19 во бившите ју републики, анализа на професорот Трајковски

Мај 22, 2020

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет направи споредба на смртноста од КОВИД-19 во Македонија и останатите бивши југословенски републики.

,,Забелешка: во Македонија епидемијата е во тек без изгледи за брзо завршување, па вистинската стапка на смртност, пресметана врз основа на бројот на завршени (а не вкупни) случаи, е 7,45% (со интервал на доверба 6,12% - 8.78% и 95% сигурност) - највисока од сите републики. Како што ќе се ближиме кон крајот на епидемијата, така нашата стапка ќе се приближува кон оваа вредност. Во Словенија речиси нема активни случаи, па се смета дека нивната стапка е конечна. Истото важи и за Хрватска и Црна Гора, а Србија е при крај со нивната епидемија (кривите им достигнаа плафон). Остануваат Македонија и БиХ во оваа неславна трка. Толку за нашите успеси во справувањето со пандемијата, сепак проблемот е во системот", напиша Трајковски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани