Webp.net gifmaker

Се поставува нова атмосферска и фекална канализација за Офицерски дом

Мај 22, 2020

Екипи на КЈП „Нискоградба“ деновиве работат во надворешниот дел на Oфицерскиот дом, поставувајќи нова атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид во работата на терен. Силјановски појасни дека со атмосферската канализација, покрај надворешните води од објектот, ќе бидат опфатени и атмосферските води од партерното уредување.

Вредноста на оваа инвестиција е 1,5 милиони денари, средства од Општина Битола.

Во внатрешноста на објектот се работи на сите катови од Офицерскиот дом, според предвидената динамика. Во одредени делови е поставена нова дограма, а се работи и на поставување на инсталационите системи. офиоцерски 33

офицерски 44

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани