Webp.net gifmaker

23 годишник со „мерцедес“ удрил во велосипедист

Мај 22, 2020

 57 годишен битолчанец се здобил со телесни повреди и е хоспитализиран на Ортопедија во Битолкста болница откако во него удрил „мерцедес“ управуван од младо момче. 

-На ден 22.05.2020 година во 16.34 часот случена е сообраќајна незгода на ул.„Партизанска„ во Битола. Во сообраќајната незгода учесници се: ПМВ марка „мерцедес“ со бугарски регистарски таблици, управувано од 23 годишен жител на Битола и велосипедист 57 годишен од Битола кој во сообраќајната незгода се здобил со ТП констатирани од доктор од одделение за Ортопедија при Клиничка болница Битола. Увид изврши  екипа на СВР Битола, информираше за Апла.мк Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани