2win800x200

Семејството Ковачевски целосно го реновира машкиот оддел на Хуруршкото одделение во Битолската болница

Декември 09, 2019

Семејството Ковачевски од Битола денес со голема донација во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Тие целосно го реновираа машкиот оддел на хирургија и тоа целата санитарија, водовод, обезбедија комплетна опрема за сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, телевизиори, постелнина, реновирана е и работната соба, гардеробите за вработените,реновирани се ходниците.

„Голема благодарност од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на Хируршкото одделение како и благодарност од сите вработени за подобрите услови за работа. Менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка болница- Битола раководена од директорот Др.Зоран Лазаров на семејството Ковачевски им додели благодарница. Директорот денес искажа голем восхит што едно битолско ценето семејство се вложи за битолчани. Се надеваме дека по примерот на семејството Ковачевски за Битола ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани. Од битолчани за Битола. Да ѝ го вратиме сјајот на Клиниката нашата гордост на градот и пошироко бидејќи сите сме потенцијални пациенти“, рече Сузана Конеска, портпарол на Битолската клиничка болница.болница 2

болница3

болница4

болница 5

болница6

болница 7

Од фотографиите во продолжение може да се види како изгледаа болничките соби пред и после реконструкцијата

IMG a9f6f22742d7e6f0086f2a2e46c8d5c1 V

IMG 611a7852249f60fce60f0c62e0a79408 V

IMG a3514fa75d440218f475c7fe044127d7 V

Ж.Здравковска 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани