2win800x200

И во Битола полнач за електрични возила

Декември 13, 2019

Полнач за електрични возила е поставен на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Полначот е во рамките на  проектот на  “ЕВН Македонија“ со наслов “Електомобилност со ЕВН“ со цел  поширока адаптација на електромобилноста во нашата држава.Во Битола има повеќе од десеттина електрични автомобили кои од денеска ќе можат да ги напојуваат акомулаторите на автомобилите.

78838549 2573783296032505 4061146274223620096 n

Од ЕВН информираат дека  во соработка со општините во Македонија изградиле  сериозна електрична инфраструктура низ целата држава. Во рамки на проектот за развој на електромобилноста, ЕВН постави станици за полнење на електрични возила во 17 градови во Македонија.

Користењето на полначите е бесплатно за време на иницијалниот промотивен период. За користење полначите, возачите треба да се пријават за картичка за полнење.

79235853 2461208607502150 687403885022674944 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани