Webp.net gifmaker

Евреи рабини уште во 16 век пишувале за Битола

Јануари 10, 2020

Рабинот Јосеф Бен Лев , роден 1502 година во Битола, напишал четири книги во кои се опишани разни обичаи, трговија и занаетчиството во првата половина на 16 век, пишува етнологот Здравка Маретиќ во нејзиниот труд „ Етничко минато и структура на Битола“. Книгите на рабинот доживеале повеќе изданија во Цариград, Венција и Амстердам.

Понатаму, Шеломо Аврам, рабин од Битола, во документи од 2 мај 1533 година и 2 мај 1588 година оставил податок за здружение на еврејски трговци од Битола. Повеќето документи од 16 век зборуваат за трговските врски меѓу Евреите од Солун, Битола, Скопје и други места.

Маретиќ пишува дека за Евреите во Македонија се зачувани голем број пишани извори. Рабините од 16 и 17 век оставиле изворни документи во вид на прашања и одговори наречени „responzi“. Во нив се опфатени сите дејности од животот на еврејските заедници. Преку нив можат да се следат семејните односи и обичаи, парично-трговските односи, даноците, трговските спорови. Во нив среќаваме податоци за првите здружени облици во трговијата, односно за никулците на меѓународната трговија, организирањето на нови стопански гранки, развитокот на текстилната мануфактура, кожарство и друго.

Уредила Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани