Распламтеа василичарските огнови во Општина Новаци, се слави Стара Нова година

Јануари 14, 2020

Во маалските  собиралишта во сите населени места во  Општина Новаци ноќеска гореа  василичарските огнови. Собирите на граѓаните беа причина повеќе да се дружат и помуабетат, а како неизбежен дел од обичајот беше барањето на паричката во мазникот. Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски синоќа беше низ повеќе населени места  каде верниците беа собрани околу василичарските огнови  На ниските температури се играа ора, се наздравуваше со грејана ракија, вино и чај.

lube 1

 Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.

лллу

-Овие празници како дел од нашата традиција ни даваат можност да се собереме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност се и белег на нашето постоење.Ова заедништво ги зајакнува меѓусебните врски во нашата локална заедница. .Да си подаваме рака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие.Воедно на сите православни христијани им го честитам празникот Василица ,многу здравје ,среќа и бериќет."-истакна градоначалникот Кузманоски.

lube 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани