Webp.net gifmaker

Битола со свој пункт за скрининг од корона вирусот

Март 23, 2020

Градоначалничката на Општина Битола ги продолжи координативните активности со кризниот штаб. Од денешните работни состаноци, произлегоа следните мерки:

1.Од денес Битоа има свој пункт за скрининг. Протоколите на водење на овој скрининг пункт е во координација на здравствените институции.

2.Побарана е сосласност од СВР Битола општината да добие дозвола да преземе мерки, сите возила кои влегуваат во градот да поминат преку „дезинфекционо корито“.

3.Јавните претпријатија да продолжат редовно да вршат дезинфекција во сите објекти во надлежност на општината.

4.Со јавните претпријатија е договорена динамиката на делување и зголемување на капацитетот на лица кои што ќе можат да вршат рачна дезинфекција.

5.Градскиот пазар продолжува со работа, ЈП Пазари ги презема сите мерки кон продавачите да го запазуваат неопходното меѓусебно растојание. Апелот до граѓаните е да се држат на соодветно растојание од 1,5 метри додека купуваат одредени производи.

6.Сточниот пазар и натаму останува затворен, а побарана е помош и поддршка од СВР Битола, за продолжување на запирањата на влез во градот на лица кои превезуваат жива стока.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани